Друштвото за управување со отпад Еко Биг Бенг e формирано како непрофитна организација која има за основна цел намалување на отпадот од старите, веќе искористени гуми (пневматици од возила) со што ќе се придонесе за почиста животна средина.

Мисија и визија

Нашата мисија е да го револуционизираме управувањето со отпадот од гумите и да понудиме иновативни решенија за заштита на животната средина, со што ќе оставиме трајно влијание во општеството и ќе го отвориме патот за нови еколошки издржани солуции.

Поимот управување со отпад опфаќа збир на активности, одлуки и мерки кои се однесуваат на:

– спречување на настанување на отпад, намалување на количината на отпад и/или неговото штетно влијание на животната средина;

– начинот на собирање, селектирање, транспортирање, третман, преработка,  складирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие активности;

– грижа на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот по престанокот на нивната работа.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/


Врати се назад на почетокот