Петгодишната програма и план за работа на Еко Биг Бенг, покрај другите цели, предвидува приходот кој ќе го генерира на годишно ниво да биде повторно инвестиран во процедурите за управување со посебниот тек на отпад за следната календарска година, следејќи ги глобалните напори за заштита на животната средина и одржливиот развој.

Преку нашата солуција за сеопфатно организирање и оптимизирање на системот за собирање отпад од гуми, нашето делување не останува на територијата исклучиво на нашата држава. Со транспортот на отпадот од веќе искористените пневматици, до фабриката за рециклирање во соседна Република Србија, ние првенствено го извезуваме отпадот надвор од границите на нашата земја, а дополнително создаваме услови за производство на нови еколошки производи и нивна соодветна примена за поздраво и позелено општество.

Воедно, дел од приходот од работењето на Еко Биг Бенг, ќе биде наменет за креирање и реализација на медиумски кампањи наменети за сите возрасни популации во општеството со цел информирање на широката јавност за превенција од создавањето на отпад и мерки за поттикнување на собирањето, рециклирањето, повторна употреба, преработка, рециклирањето и други форми на обновување, преработка и отстранувањена текот и видот на отпадот.

Со постојана едукација на широката јавност преку социјални медиуми и интерактивни настани, се планира во следните пет години да се спроведуваат мерки за подобрување на состојбата на општеството во однос на собирање, чување, преработка и рециклирање на отпадот, како и подигнување на јавната свест за постапување со отпадот.

Преку сеопфатната петгодишна програма, Еко Биг Бенг има за цел да собере значителен процент од вкупниот отпад од гуми создаден од увезените нови гуми, и секоја година прогресивно да го зголемува тој процент. За првата година од работењето, се предвидува да се собере пропорционален дел од уделот во вкупното количество на производи што се пуштени на пазарот во предметната година.

Со промовирање на иновативни решенија за собирање, транспорт и одговорно рециклирање, имаме за цел значително да придонесеме за намалување на отпадот од пневматици, истовремено зголемувајќи ја нивната искористеност во облик на еколошки производи. Со имплементирање на иновативни решенија за понатамошна употреба на гумите, како и поттикнување на соработка во индустријата во рамки, но и надвор од нашата земја, придонесуваме за создавање еколошки одржлива иднина.


Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/


Врати се назад на почеток