Отпад е секоја материја или предмет што припаѓа во категориите на отпад од членот 25 на Законот за управување со отпад што создавачот или поседувачот го отфрла, има намера да го отфрли или од него се бара да го отфрли.
Опасен отпад е отпадот што по својот состав или концентрации на опасни супстанции може да предизвика опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето, коишто имаат едно или повеќе опасни својства, како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со овој закон или друг пропис, а притоа во листата на видовите отпад е наведен и посебно обележан како опасен отпад, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад.

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/