Имаш идеја? Ти треба поддршка за реализација?
Доколку имаш замисла како можеме заеднички да придонесеме за зачувување на здрава и одржлива животна средина, преку искористување на стари, отпадни гуми и пневматици, контактирај не преку e-mail на bigbeng.eko@gmail.com. Испрати ни го твојот основен предлог проект кој ќе ги вклучува целите кои се очекува да се постигнат, предложена временска рамка за имплементација на активностите, како и твоите очекувања за реализација на проектот. Очекувај да те контактираме!
Секоја година, најдобрите три проекти ќе бидат наградени!

Разубавување на јавни површини во соработка со локалната самоуправа
Вклучување на најмладите во процесот на едукација и зачувување на животната средина


Изградба на детски игралишта со едукативни содржини за мото-физички развој на децата
Соработка со јавни училишта и градинки со цел едукација на најмладите, но и разубавување на училишните дворови и објекти

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/