Примарна дејност на Еко Биг Бенг е преку сеопфатен систем за управување со отпадот од гумите, да постави одржливи практики за собрање на стари, веќе искористени пневматици, нивно соодветно складирање во специјални услови без никаков допир од надворешни влијанија, и нивен транспорт до крајната дестинација на третирање, односно рециклирање. Преку правилно, еколошки-издржано рециклирање и повторна употреба на веќе искористените гуми, во голема мера делуваме на зачувување на животната средина, согласно националните цели.

Фокусирајќи се на иновативни решенија, нудиме солуција со која отпадот од гумите повеќе нема да биде штетен отпад, туку напротив, ќе се трансформира во вреден ресурс за различни намени, со што ќе се зголеми преработката на отпадните гуми, а ќе се намали количеството на отпадни производи во споредба со изминатите години. Со тоа, ги исполнуваме националните цели за намалување на количините на отпад и на тој начин ги исполнуваме своите обврски кон општеството во кое делуваме, но и пошироко, давајќи го својот удел во утврдените цели на Европската Унија прифатени со ратификуваните меѓународни спогодби и договори.
Воедно, со проектите за информирање и едукација на сите учесници во општеството, имаме за цел да ја разбудиме свеста за значењето на проблемот со количините на отпад кои годишно се произведуваат во општеството. Преку детален план за подигнување на јавната свест за влијанието на отпадот врз животната средина и здравјето на луѓето, планираме да ги мотивираме граѓаните за спроведување на совесно и одговорно управување со отпадот од искористените пневматици.
Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/