Производител на отпад

Производител е секое правно или физичко лице кое без оглед на начинот на кој врши продажба:

  • произведува производи и за прв пат ги пушта на пазарот во Република С. Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезува во Република С. Македонија и прв пат ги пушта на пазарот производите,
  • како краен корисник, за свои потреби, увезува производи без посредник,
  • на професионална основа увезува употребувани производи и за прв пат ги пушта на пазарот во Република С. Македонија,
  • е основано во друга земја и продава производи со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во Република С. Македонија и
  • протектира отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Република С. Македонија

Доколку сакаш да дознаеш повеќе за Националанта регулатива и активните мерки кои се превземаат за исполнување на Националните цели, посети ја официјалната веб страна на Министерството за животна средина и просторно планирање https://www.moepp.gov.mk/


Врати се назад на почетокот