Маркетинг кампањата „Гумите оставаат траги, ти одбери каде!“ има за цел подигнување на јавната свест за правилното постапување со отпадните гуми и поттикнување на одговорно однесување кај граѓаните и деловните субјекти. Кампањата се реализира на социјалните медиуми преку едукативни и визуелно привлечни објави, видеа и инфографици кои ја прикажуваат штетата од неправилното фрлање гуми и придобивките од нивното рециклирање.

Главната таргет група се возачи, автомеханичари, сопственици на сервиси и пошироката јавност која учествува во создавање или пренесување на отпадни гуми.

Кампањата се спроведува во текот на целата календарска 2025-та година, со особено зголемени активности во периодот од Октомври – Декември 2025 поради сезонската промена на пневматици и очекуваното зголемување на количините отпад кој се создава при тоа.

Со оваа активност се очекува да се создаде долгорочна промена во свеста и однесувањето на населението во насока на заштита на животната средина и одговорно управување со гумите. Со зголемување на информираноста за системот на собирање отпадни гуми, граѓаните се поттикнуваат да ги предаваат гумите на соодветни места и се дава поддршка на циркуларната економија.

Види повеќе проекти за Позитивна промена на https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/pozitivna-promena