Едукација за одржлива иднина – Кампања за поголема свесност за неправилното одлагање на отпадните гуми

Во рамките на нашата заложба за заштита на животната средина, спроведовме дигитална маркетинг кампања со цел да ги едуцираме возачите за штетното влијание на отпадните гуми и начините на нивно правилно управување.

Преку информативни објави, едукативни видеа и интерактивни содржини на социјалните мрежи, успеавме да ја зголемиме свеста за важноста на рециклирањето и одговорното отстранување на старите гуми. Нашата порака допре до илјадници возачи, поттикнувајќи ги кон поодговорни избори што придонесуваат за поздрава животна средина.

Резултати и ефект од кампањата

Достигнавме повеќе од 1000 корисници на социјалните мрежи, со висок ангажман на публиката
Зголемен интерес за правилно управување со отпадните гуми и можности за рециклирање
Позитивни повратни информации од возачите кои сега повеќе внимаваат како ги одложуваат старите гуми

Заедно можеме да создадеме почиста и позелена иднина! 🌱♻️

Информирај се на кој начин можеш правилно да ги одложиш гумите кои веќе си ја завршиле својата функција. Прочитај повеќе на https://www.moepp.gov.mk/uslugi/otpad


Врати се на почеток

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *